Со цел спроведување на проектот „Континуирана поддршка за унапредување на системот за заштита на личните податоци” поддржан со Грант МАК-14-0014 од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Дирекцијата за заштита на личните податоци, објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за работно ангажирање на (еден) 1 извршител - административен асистент на проектот „Континуирана поддршка за унапредување на системот за заштита на личните податоци” на определено време (август 2015 година- јули 2016 година)
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да има општа здравствена способност за работното ангажирање.
Посебни услови:
- завршено високо образование,
- одлично познавање на англиски јазик,
- знаења и вештини за работа со компјутери.
Кандидатите треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија (CV) во европски формат
Краен рок за доставување на документите по јавниот оглас е 01.08.2015 година.
Потребните документи кандидатите можат да ги достават на електронската адреса norveskiproekt@privacy.mk.
Напомена: Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Дирекција за заштита на личните податоци