X
 27.07.2015 Вработување

Оглас за вработување во My Time

Дали сакате да бидете дел од високо професионална компанија која постојано се развива и напредува? Сакате да го искористите својот потенцијал и секојдневно да ги усовршувате продажните вештини?

My Time, најголемиот ланец на малопродажни салони за брендирани часовници и накит во Македонија има потреба од продажен персонал во Скопје.

Благодарение на брзиот раст и зголемувањето на обемот на работа, ги повикуваме сите амбициозни личности, кои се комуникативни, исполнителни и посветени на постојано учење и развој да аплицираат на овој оглас.

Доколку сте тимски играч кој е подготвен да одговори на предизвиците на директната продажба и да се развие во успешен продажен асистент, аплицирајте на овој линк: http://bit.ly/hr-skopje
Активен до:    05.08.2015

Издвојуваме