X
 29.07.2015 Вработување

Оглас за вработување во Нептун

Трговското друштво за промет на големо и мало, производство и услуги НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (ул.”Качанички пат”, бр.56, Скопје, телефонски број 02/2656 737) распишува оглас за вработување на:

САМОСТОЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

    ВСС, Економски факултет;
    Минимум 5 години искуство како оперативен сметководител;
    Добро познавање на меѓународните сметководствени стандарди и на македонската сметководствена регулатива;
    Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен);
    Одлично познавање на MS Office програмите;
    Тимски играч, ориентиран кон остварување на резултати, аналитичен;
    Силни меѓучовечки и комуникациски вештини и способности;
    Пожелно работно искуство во компанија од област малопродажба


Што нудиме?

    Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
    Континуирана обука и можност за напредување
    Почетна основна нето месечна плата во износ од 33.825 денари
    Работно време од понеделник – петок (09.00 – 17:00 часот)
    Неделното работно време е 40 часа


Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: vrabotuvanje@neptun.mk, со назнака: “Оглас за сметководител”.

Огласот е активен 15 дена од денот на објавувањето.

Општи правила за аплицирање:

    Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот) и мотивациско писмо (име и презиме на апликантот).
    Назнака на позицијата за која се аплицира
    Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени. 
Активен до:    12.08.2015

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk