X
 21.10.2015 Култура

Центарот на Осло без автомобили до 2019


Осло можеби ќе биде првиот град во светот кој целосно ќе ги забрани автомобилите од своите улици. Новата градска влада во главниот град на Норвешка неделава извести дека ќе ги забрани автомобилите од центарот на градот во следните четири години.

Главната цел на Осло е амбициозна: да го намали испуштањето на штетни гасови за 50% до 2020 година во споредба со нивоата во 1990 година. Ветувањето доаѓа од соработка помеѓу повеќе политички партии во земјата кои се победници на последните општински избори.

Според локалните медиуми, забраната на автомобилите ќе покрива регион во кој живеат само илјада жители, но во кој се движат 90.000 луѓе секојдневно.

Оваа мерка може да биде пример за Париз, кој успешно го одржа првиот ден без автомобили во градот овој септември.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура