X
 07.12.2015 Образование

Каде студираат ултра-богатите?

Истражувачката фирма „Wealth-X“ состави листа од факултети од кои излегуваат најмногу милионери и милијардери во САД. Повеќето од нив се приватни институции, а „Харвард“ доминира на листата.


До 2015 година, на „Харвард“ дипломирале 2.964 луѓе за кои се смета дека имаат големо богатство.

Универзитетот во Пенсилванија е следен со 1.502 дипломци. „Стенфорд“ има 1.174, „Колумбија“ 889 и Њујоршкиот универзитет 828.

Од државните факултети, „Вирџинија“ има 499, „Мичиген“ - 470 и „Беркли“ - 447.

Оксфордкиот универзитет, Универзитетот во Мумбај и „Кембриџ“ се факултети каде дипломирале најмногу милионери кога станува збор за прекуокеанските институции.

Процентот на милиони кои го стекнале богатството сами бил највисок на „Вирџинија“ - 79%.
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование