X
 29.12.2015 Култура

Што се` не сте знаеле за Леонардо Ди Каприо?

Леонардо Ди Каприо - актерот во кој е заљубена секоја жена подолго отколку што можеме да се сетиме. 

 

дикаприо


Овој згоден човек со огромна харизма стана еден од најдобрите и највештите актери на неговата генерација - и еден од најпопуларните. Дури и покрај неговите импресивни улоги и глума, Ди Каприо постојано е ставен во сенка кога станува збор за Оскарите. Добитник е на многу други награди (34, да бидеме поточни), меѓутоа ниту една не може да се спореди со златното човече. Да се надеваме дека оваа година со неговиот филм „Revenant“ конечно ќе го добие она што го заслужува години наназад. Ви нудиме некои работи кои веројатно не сте ги знаеле за овој одличен актер.

- Знае одлично да зборува германски

- Неговата прва номинација за Оскар беше во 1993 година за неговата улога како Арни Грејп во „What's eating Gilbert Grape“.

- Никогаш не се дрогирал, па затоа морал да зборува со експерт за дрога со цел да се подготви за неговата улога во „The Wolf of Wall Street“.

- Висок е 1 метар и 83 сантиметри.

- Крстен е Леонардо бидејќи неговата мајка била во посета на Италија и ја гледала сликата од Леонардо да Винчи, кога за прв пат почувствувала како нејзиното бебе клоца.

- Леонардо поседува остров на брегот на Белизе.

- Неговото средно име е Вилхелм.

- Тој беше дел од група на лидери за забава наречена „Pussy Posse“, во која членуваа Тоби Мегвајар и Дејвид Блејн во 90-тите.
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура