X
 30.12.2015 Живот

Како да престанете да бидете љубоморни на успешните?

Колкупати сте „кликнале“ на профилните слики на „Фејсбук“ на вашиот „пријател“ кој никогаш не сте го запознале и сте станале барем малку љубоморни бидејќи изгледа дека тој/таа живее многу поинтересен живот од вас?


Ова може да биде вознемирувачко од повеќе причини. Пред сè, може да се чувствувате како да заостанувате зад своите пријатели кои изгледаат дека се поуспешни од вас. Потоа, може да се чувствувате како да немате вистински пријатели или вистинска поддршка.

Која и да е причината, претприемачот Даниел Ди Пиаца нуди неколку совети за надминување на чувството на љубомора кон останатите кои му помогнале самиот да го надмине овој проблем. Ди Пиаца започнал со создавање мрежа од луѓе кои имаат слични цели и желби како и него, но и успешни луѓе, на кои претходно им љубоморел.

„Сфатив дека ако сакам да станам еден од луѓето на кои им оди добро во животот треба да влезам во нивната група“, пишува тој за „Тајм“.



Успехот не пристигнал преку ноќ. Тоа било процес во кој се учи за пристапување до успешни луѓе. Ди Пиаца забележал дека кога започнал да се дружи со успешни луѓе, за него станало невозможно да не успее во било што.

Доколку имал прашање, страв или сомнеж, околу него имал луѓе кои навистина сакале да му помогнат. Згора на тоа, од него се очекувало многу од луѓето околу него. Сите очекувале тој да биде успешен, а Ди Пиаца не сакал да ги разочара.

„Изградбата на таа мрежа од пријатели и ментори беше алатката со која го започнав мојот напредок со огромна брзина и веројатно најголемата причина поради која можев да станат сопственик наместо вработен толку брзо“, заклучува Ди Пиаца.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот