X
 15.03.2020 Наука

Астероид со големина на планина ќе помине покрај Земјата следниот месец

Астероид со големина на цела планина ќе помине покрај Земјата следниот месец. Наречен 1998 ОР2, астероидот е толку голем што ќе биде видливи од нашата планета на 29 април. НАСА го класифицирала вселенското тело како „потенцијално опасно“, иако експертите веруваат дека нема да удри во Земјата.

Се очекува астероидот да помине на далечина од околу 6,4 милиони километри, односно на растојание околу 17 пати поголемо од она помеѓу Земјата и Месечината. Се чини дека е далеку, но е доволно блиску за НАСА да го класифицира астероидот како тело во близина на Земјата, а научниците го набљудуваат за секој случај.


Фото: Pixabay

Астероидот е долг околу 4 километри и е повисок од планината Фуџи во Јапонија. Поради неговата големина, оние што поседуваат телескоп ќе може да го видат астероидот како поминува покрај Земјата доколку нема облаци. Астероидот би требало да изгледа како ѕвезда што бавно се движи.

Астрономите во моментов следат речиси 2.000 астероиди, комети и други вселенски тела што се потенцијално опасни за Земјата. Секојдневно се откриваат нови вселенски тела во близина на нашата планета.


Фото: Pixabay

Помали тела понекогаш удираат во планетава, како оној што паднал во Сибир во 1908 година. Според НАСА, во моментов нема опасност дека некое вселенско тело ќе удри во Земјата. Од вселенската агенција велат дека нема големи шанси големо тело да удри во Земјата во следните стотици години.

Автор: Хари Петит
Извор: thesun.co.uk
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука