X
 15.06.2022 Живот

„Нетфликс“ бара кандидати за реално шоу инспирирано од „Игра со лигни“

„Нетфликс“ бара кандидати за реално шоу инспирирано од популарната серија „Игра со лигни“.

Во реалното шоу животот на учесниците нема да биде во опасност, како што е случајот во серијата. Наместо тоа, 456 учесници од целиот свет ќе играат игри во кои најлошото сценарио е враќање дома без никаква награда. Од друга страна, главната награда изнесува 4,56 милиони долари.

„Игра со лигни: предизвикот“, како што се нарекува реалното шоу, ќе биде прикажано на платформата во 10 епизоди. Дел од игрите ќе бидат инспирирани од оригиналната серија, а некои ќе бидат нови.


Учесниците треба да бидат постари од 21 година, да зборуваат англиски јазик и да бидат слободни во период од 4 седмици на почетокот од 2023 година, за време на снимањето. Пријавувањето е отворено на оваа веб-страница.

Популарната серија „Игра со лигни“, за која беше потврдена и втора сезона, ја следи приказната на луѓе во долгови кои се натпреваруваат за големи парични награди во смртоносни игри. Ова е најпопуларна серија на „Нетфликс“ на сите времиња и била гледана од страна на 111 милиони корисници во првите 28 дена од премиерата.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Youtube (printcreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот