X
 13.01.2016 Наука

Потврдено едно од најважните предвидувања на Ајнштајн

 ајнштајн

 

Сите од светот на физиката со огромно внимание ја чекаат потврдата за возбудливите гласини дека американските научници за прв пат ги откриле гравитационите бранови.


Лоренс Краус, космолог од Универзитетот во Аризона на Твитер напиша дека примил неизвесна потврда на гласини која циркулира веќе неколку месеци. „Можно е да се откриени гравитациони бранови!“, гласеше неговиот твит.

Експериментот бил направен во „Ligo“ опсерваторијата која се служи со детектори во Хенфорд, Вашингтон и Ливингстон за да бара „бранови“ во структура на простор-време.

Научниците задолжени за овој експеримент моментално го пишуваат трудот за она што се смета дека претставува сигнал за гравитациони бранови. Ако брановите постојат, тогаш ова би го потврдило едно од најзначајните предвидувања на Алберт Ајнштајн и неговата општа теорија на релативитетот.

Краус вели дека е 60% сигурен во точноста на претпоставката, но сепак мора да ги погледне резултатите кои научниците ги добиле, пред да извлече било каков заклучок.

Истражувачите кои работат на толку големи меѓународни проекти обично прво помеѓу себе го оценуваат кредибилитетот, а потоа го испраќаат во печатот и повикуваат прес-конференција за новинарите.

Научниците во 2014 година биле утврдени дека со помош на телескопот „BICEP2“ пронашле доказ за постоење на гравитациони бранови и веќе повикаа конференција, меѓутоа на крајот излегло дека станува збор за вселенска прашина.

„Овој пат ќе бидат многу внимателни. Нема причина да тврдат нешто во кое не се сигурни“, вели Краус.

Ако се покаже дека станува збор за гравитациони бранови, астрономите ќе можат да ги набљудуваат во вселената на начин кој до ден денес е невозможно да се изведе.

„Ќе имаме нов прозорец во универзумот. Гравитационите бранови се создаваат во најегзотичните и најчудните места во природата, како што се рабовите на црните дупки. Прилично сме сигурни дека постојат, но засега не сме во состојба со нивна помош да ја истражуваме вселената“, вели Краус.

Ајнштајн предвидел дека брановите произведуваат екстремно насилни настани, како судир на две црни дупки. Како што се шират тие, тие се потиснуваат и растегнуваат ткаенина на простор-време.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука