X
 12.10.2016 Образование

д-р Неле Карајлиќ со порака до студентите

Ситуацијата во која се наоѓаат академските граѓани и тоа не само на Балканот, е повеќе од катастрофална! Имав привилегија да живеам во 20 век со полни гради, а и сега, во 21 век, кога дишеме на шкрги.


Неле Карајлиќ


Ненад Јанковиќ алијас д-р Неле Карајлиќ, музичар, книжевник, актер и режисер, еден од основачите на новиот примитивизам, им одржа предавање на бруцошите во амфитеатарот на Правниот факултет во Нови Сад, на тема „Животот во 21 век“.

Некогашниот пејач на Забрањено пушење и член на легендарните Топ листа надреалиста откри што мисли за денешнината:

-    Сакам да можам нешто паметно да им пренесам на младите студенти, секако доколку тие мислат дека имам нешто паметно да им кажам во врска со времето во кое живееме... А, јас би додал – во ова време воопшто не е досадно да се живее. Иако лично би сакал да живееме во малку подосадно време, истакна д-р Карајлиќ.

-    На последното предавање пред студентите во Белград реков: „Да бев студент, досега ќе се убиев.“ Зошто? Затоа што ситуацијата во која вие се наоѓате, не само кај нас туку и низ целиот свет, е повеќе од катастрофална. Но, ајде да ги погледнеме нештата од поведрата страна, да увидиме зошто е тоа така и на крајот да заклучиме дека нема смисла да се убиеме – рече Неле и ги насмеа студентите.

Д-р Карајлиќ се осврна на животот во минатиот и во овој век.

-    Ја имав привилегијата да живеам во 20 век и тоа со полни гради, а и сега, во 21 век, кога дишеме на шкрги. Живеев во два различни државни системи. Во комунизмот, односно социјалистичкото управување, како што тогаш се нарекуваше, и сега, во еден вид либерален капитализам. Оттука ми е и храброста да ги споредувам двата система не само како општествено–социјален механизам, туку и низ призма на културата, па дури и на економијата. Нема да ви кажам кој систем беше подобар – рече со насмевка.

Неле подготвува спектакл за генијот: „Досието на FBI за Тесла“

-    Тесла е сечија голема инспирација, а мене особено! Како и да е, јас и Тесла имаме нешто заедничко - и двајцата немаме завршено факултет. Тесла ќе го прикажам малку поинаку од тоа како го гледавме порано. Тој беше еден вид шоумен, човек којшто ги продаваше своите патенти на тој начин што ги собираше клиентите во својата лабораторија и им презентираше програма за да можат да разберат што направил.   

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование