X
 06.11.2016 Технологија

Завршена конструкцијата на најголемиот телескоп на светот

Завршена е конструкцијата на телескопот Џејмс Веб, кој ја носи титулата „најголемиот телескоп на светот“.


Кога ќе биде лансиран во вселената во октомври 2018-та година, ќе се стационира на Лагранџовата L2 точка во системот Сонце-Земја, отприлика на 1,5 милиони километри оддалеченост од Земјата. Во моментов најмоќниот телескоп во орбитата околу Земјата на околу 500 километри е Хабл, лансиран во 1990 година и со него се пронајдени бројни откритија.

Пречникот на Хабл е 2,4 метри, а површината изнесува 4,5 квадратни метри. Во споредба со него, Џејмс Веб изгледа огромно, со пречник од 6,5 метри и површина од дури 25 квадратни метри, па затоа телескопот кој го направија од НАСА, ЕСА и Канадксата вселенска агенција може да погледне многу подалеку во вселената. Со Џејмс Веб може да се гледа и во минатото – настанокот на ѕвездите и првите галаксии пред 13,5 милијарди години, па тоа ќе помогне во разбирањето на настанокот на вселената.

Конструирањето на телескопот започнало во 1996 година, а денес е комплетиран во центарот на НАСА „Годар“ во Мериленд. Пред да биде монтиран на штит со големина од тениски терен и ќе има инструменти за заштита од соларна радијација, телескопот ќе мора да помине низ серија на тестови – за издржливост при лансирање, криогенски тестови за температура од минус 220 степени целзиусови и L2 точка.

Телескопот во Земјината орбита ќе го испрати европската ракета Аријана 5, а целиот проект чини околу 9 милијарди долари.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија