X
 16.05.2022 Живот

Дојави за бомби во 97 училишта во Белград, засега лажни

97 основни училишта во Белград, како и некои средни училишта утринава добиле дојави за поставени бомби, соопшти српското Министерство за образование. Се смета дека дојавите биле лажни, но сепак училиштата ги советуваат децата и родителите да не одат на часови додека не утврдат дали навистина се работи за поставени бомби низ училиштата во Белград. Дојавата за бомби беше изминатиот викенд, по многубројните дојави за бомби низ трговските центри.

- Чудно чувство на смиреност како да чекаме нормален ден, иста рутина како и секогаш. Се мразиме, сакаме да ги повредиме сите што ќе ни се најдат на патот. Чувството дека сѐ околу нас е само сон, не нѐ напушта. Не гледаме причина да пишуваме нешто друго. На крајот, можеме да кажеме дека не сме први и далеку од последните - стои во пораката за дојава на бомба што ја добивале училиштата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот