X
 16.08.2018 Живот

Почина кралицата на соулот, Арета Френклин

Арета Френклин почина денеска, на 76-годишна возраст.

Кралицата на соулот пред три дена, поради тешка здравствена состојба, беше префрлена во болница во Детроит.

Долги години се бореше со вишокот килограми и со алкохолизмот, а долго време беше и страстен пушач на цигари. Френклин последниот настап го имаше минатата година, а и самата најави дека нема повеќе да прави концерти.

Арета Френклин е родена на 25 март 1942 во Мемфис, САД. Ќерка е на баптистички свештеник. Од раната младост ја подучувале да пее ѕвездите на госпелот, како што се Махалија Џексон и Клара Ворд. Врвот на кариерата ѝ бил кон крајот на 60-тите години на 20 век. Песните „Respect“ и „Chain Of Fools“ брзо станаа класика. И покрај личните проблеми, во 1968 година го сними албумот „Lady Soul“, кој се продал во милион примероци. Кон крајот на 70-тите години нејзината кариера почнала да стагнира, но нејзината улога во филмот „Браќата блуз“ ѝ ја враќа старата слава. Во 80-тите години ги сними хитовите Freeway Of Love“ и „Who's Zooming Who“, а пееше и во дует со Џорџ Мајкл и групата „Еуритмикс“. Прекар ѝ е Кралица на соулот, а според некои извори, нејзиниот глас има распон од четири октави.  Многумина ја сметаат англиската пејачка Џош Стоун за нејзина наследничка.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот