X
 30.01.2017 Технологија

Функција која може да го револуционализира Ајфонот

Списанието The Sun пишува дека постојат две тајни функции во iOS 10.3, последната верзија на оперативниот систем на Ајфони и Ајподи, и тие ќе го променат начинот на кој корисниците пишуваат.

телефон и компјутер


„Тастатурата со гестови“ дозволува да избришете со поминување на лево на било кое копче и да вметнете празно место со поминување на десно.

Другата функција е „лебдечката тастатура“ која може да се движи низ екранот. Функциите се објаснети на твитовите подолу.





Тие се сокриени со iOS код и не се лесно достапни, што значи дека уште се работи на нив и ќе бидат промовирани наскоро.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија