X
 17.12.2018 Забава

Вистини за девојките

Девојките сигурно ќе се пронајдат во овие вистини, а мажите ќе се пронајдат во поголемиот дел од овие ситуации.

1. Оставете им уште 10-20 минути откако ќе речат дека се готови, за тие навистина да бидат готови.


2. Немојте да ја доведувате во прашање мистериозната логика на пиење кафе со „пријатели кои не ги виделе пет години“, а со кои биле на факултет. Дозволете им да бидат возбудени 1 до 5 дена како што се наближува денот на кафето. Девојките сакаат да останат во контакт со луѓе кои никогаш нема да ги видат повторно.

3. Некој со кој заедно студирале секогаш е во град и тие мора да пијат кафе со таа личност.

4. Откако ќе излезат од вратата, по 10-20 минути дајте им уште 5 минути да ја пребараат чантата за да видат дали зеле сè што им е потребно.

5. Исто така, откако ќе излезат од вратата, постои 50% веројатност дека ќе се вратат за да остават/земат нешто.

6. Алармантното ниво се вклучува секојпат кога ќе одговорите погрешно за квизот поврзан со нејзиниот роденден.

7. Во околу 50% од случаите хороскопскиот знак е многу важен за девојките. („Душо! Јас сум стрелец, ти си лав. Токму затоа совршено си одговараме. Како можеш да не го знаеш тоа?“)

8. Дајте ѝ 30 секунди до 2 минути дополнително време секојпат кога се наоѓате пред театар/кино/автобус/ за таа да го побара билетот низ чантата. (Да, да... Сите се прашуваат: „Зошто по ѓаволите не го подготви билетот пред да стигнеме до влезот?“)

9. Помирете се со тоа дека нивните чанти се огромни и содржат работи што никогаш не ги користат.

10. Не верувајте им на нивните инстинктивни сигнали за алармирање. Девојките знаат да бидат гласни и да го пуштат нивниот пискав глас за ништо. (Што? Душо? Што се случи? - следува пауза од 10 секунди до 2 минути. „ШТО Е РАБОТАТА?“ прашуваш ти, а адреналинот ти удира во главата. „Мачка. Мачка, таму. Погледни, ја нема повеќе“).

15. Согласете се со нив да гледате филм или нивната омилена ТВ-серија - и сами знаете, ќе заспијат по 15 минути од почетокот.

16. Секогаш имајте вода близу вас. Девојките секогаш се жедни.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава