X
 23.03.2018 Образование

Ќе се олесни пополнувањето на електронски дневник


Рената Дескоска, министерка за образование и наука

Ќе се поедностави пополнувањето на електронскиот дневник и ќе се одложи воведувањето на програмата „Кембриџ“ во средното образование, рече министерката за образование и наука Рената Дескоска на Меѓународната конференција за природни науки и математика кој се одржува на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Таа ги повика наставниците да ги подготват учениците за тесирањата кои се предвидени за годинава.

- Сега изработуваат измените на законите за основно и за средно образование. Со оглед на тоа што обврската за водење на електронски дневник и на хартиениот дневник беа законска материја, мораше да се направат законски измени за да се олеснат одредени обврски на наставниците. Со измените на законите ќе се регулира. Годинава ќе бидеме дел од тестирањето за познавање математика и познавањето на јазичните вештини. Се обидуваме да ја кренеме свеста кај наставниците, директорите и учениците за значењето на ова тестирање за да добиеме реални резултати – вели Дескоска.

На прашањето што се случува со планот програмата „Кембриџ“ која требаше од годинава да се имплементира во средното образование таа одговори:
- Се консултиравме со професорите од факултетите кои работат во соодветната област. Добив анализи и од претходни тркалезни маси и наставнички совети. Одлуката беше да се одложи и оваа година, со оглед на тоа што решението кое е понудено според оценката на стручните лица не е соодветно за нашите ученици.
Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование