X
 04.04.2018 Образование

Факултети.мк наполни седум години

Факултети.мк порасна, го славиме седмиот роденден.



Околу 70 илјади ваши посети на ден, 500.000 различни посетители на месечно ниво, повеќе од 160 илјади следбеници на „Фејсбук“, стотици пораки месечно како поддршка за нашата работа... Овие бројки покажуваат дека растеме, дека имате доверба во нас и дека сме на добар пат. Ветуваме, ќе бидеме подобри.

Факултети.мк наскоро добива и нов лик, редизајн на страницата, кој се надеваме дека ќе привлече нова публика, а ќе ги примами верните читатели да останат со нас. Воедно, на ист ден, 4 април, седум години подоцна, тимот на Факултети.мк стартува со нов интернет портал - Деца.мк.

Се читаме.
Тимот на Факулети.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование