X
 20.12.2019 Култура

„Голема новогодишна вселенска бајка“ на 22 декември на јутјуб-каналот на Биби

Зази е тажен на пречекот на Новата година? Дали некој знае зошто? На 22 декември во 19 часот на јутјуб-каналот на Биби ќе дознаеме. Ќе научиме и многу нови возбудливи работи во најновата сказна на Биби – „Голема новогодишна вселенска авантура“. Новата година, светкавите елки, убавите подароци се нешта на што се рaдуваат сите дечиња, а „Светот на Биби“ и годинава сака да им подари многу љубов.



Се сеќавате на планетата Заз и на невообичаениот Дедо Мраз од Заз, кој минатата година ги израдува Биби и Боби? Е овој дарежлив дедо повторно ќе предизвика нова возбуда кај Биби и Боби. Но, повеќе од авантурата ќе откриете во сказната, која знаеме дека со нетрпение ја очекувате.

Сказната ја напиша Билјана Црвенковска, арт-директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, режисер е Гоце Цветановски, а гласовите ги позајмија Слаѓана Вујошевиќ и Сашко Коцев.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура