X
 23.05.2023 Технологија

Како да го спречите „Гугл“ да ви го избрише стариот профил?

„Гугл“ најави дека ќе ги брише старите профили.

Ќе се бришат профилите што не се активни подолго од две години и оние што се направени за еднократна употреба. На корисниците нема да им биде дозволен пристап, така што ќе ги загубат сите податоци во базата на компанијата. Затоа, време е да почнете да пребарувате по старата е-пошта доколку сакате да зачувате нешто.

Како да го зачувате својот профил?

Наједноставен начин е да се вклучите во стариот профил кој сакате да го зачувате. Во случај да сте ја заборавиле лозинката, може да се обидете да ја смените со помош на „Гугл“, за што ќе треба да го имате истиот телефонски број кој е врзан за профилот. Не треба да се плашите дека „Гугл“ ќе го избрише профилот што редовно го користите.

Она што останува нејасно е дали ќе останеме без некои легендарни видеа на „Јутјуб“ доколку ги прикачил некој корисник што повеќе не го користи истиот профил.



Извор: Idesh
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија