X
 23.11.2021 Култура

„Северен пол“ се квалификува за „Оскар“ со победата на фестивал во Шпанија

Македонскиот филм „Северен пол“ се квалификува за „Оскар“ со освојувањето Големата награда на 63. издание на фестивалот на документарен и краток филм „Зинеби“ во Билбао, Шпанија. Со оваа награда филмот доби номинација за Европски награди (EFA).

Ова е уште еден голем успех на „Северен пол“, филм на Марија Апчевска-Петровска во продукција на „Кино око“. По премиерата во официјалната селекција во Кан, филмот „Северен пол“ учествуваше на повеќе од дваесет интернационални фестивали во светот. 

Главните улоги во филмот ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Биљана Гргур, дизајн на шминка Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуча, кастинг Кирија А. Николоска. Продуцент е Роберт Насков, а копродуценти Милош Љубомировиќ од Сервиа филм и Миодраг Поповиќ од Форгрејд од Србија и Петер Шекереш од Тиволи продукција од Унгарија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура