X
 24.02.2019 Култура

„Убавината се крие во природата! Таа е неисцрпен извор за еден уметник“ - Дејан Мачуков

Не вреди да се бараaт материјалните богатства во животот, додека не се откријат тие од природата! Боите и звуците во природата сe неисцрпно богатство, кое е на дофат до нас. Токму убавата природата и топлината која произлегува од неа се непресушна инспирација за младиот и талентиран академски сликар, Дејан Мачуков.

Автор кој секојдневно ја открива убавината и топлината во природата, и тоа не онаа буквална во физичка смисла на зборот, туку онаа топлина која претставува нешто свето, духовно и длабоко.

Или како што вели самиот автор: Во еден момент преку бојата го откривам нејзиниот јазик, како нежното шепотење на бистрите реки и различните испреплетени песни на птиците, а од друга страна се ставам себеси како една машина за преработка на тие емоции кои поминуваат преку мене додека сум присутен и сум како дел од неа, вечно да ги заробам на моето платно да станат сведоци на моето постоење.

Дејан Мачуков е апстрактен-експресионистички сликар кој моментално работи на неговата серија насловена ,,Топлина”. Oваа тема има за цел да се презентира едно истражување на нашите сетила односно наше гледање на нештата кои се присутни во природата, без разлика на тоа како тие изгледаат во реалноста. Целото наше знаење започнува со сетилата, потоа продолжува до разбирање и завршува со разум. Не постои ништо поголемо од разумот.

Дејан Мачуков е роден 23.07.1994 во Скопје. Моментално живее и работи како професор по ликовна уметност во средно училиште во Богданци, Македонија. 2017 година дипломира на факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсек сликарство со графички дизајн во класата на ред.проф. Благоја Маневски. Има учествувано на многубројни групни студетски изложби и остварено неколку самостојни изложби во Македонија.







Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура