X
 24.03.2020 Здравје

Нови 12 заразени со коронавирус во Македонија, бројот се искачи на 148

Од Министерството за здравство соопштија дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на заразени со коронавирус во земјата, од кои седум во Скопје и пет во Куманово.

- Со ова вкупниот број на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12 часот изнесува 148 лица, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти - истакнуваат од Министерството.

Оттаму додаваат и дека според местото на живеење, досега заразени со коронавирус има во седум града, и тоа:
- Скопје (88)
- Дебар (40) - од кои 1 починат
- Куманово (8) – од кои 1 починат
- Штип (7)
- Кавадарци (2)
- Охрид (2)
- Гостивар (1)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје