X
 24.08.2021 Наука

Научници го открија најбрзиот астероид во Сончевиот Систем

Истражувачи предводени од научникот Скот Шепард од Научниот институт „Карнеги“ го открија астероидот кој најбрзо орбитира во Сончевиот Систем.

Малата вселенска карпа, која има дијаметар од само еден километар и е именувана 2021 PH27, патува околу Сонцето за само 113 дена. Тоа е најкраткиот орбитален период на кој било познат небесен објект, освен Меркур, кој кружи околу Сонцето за само 88 дена - иако елиптичната орбита на астероидот поминува на 12,4 милиони милји од Сонцето, додека Меркур не се доближува на помалку од 29 милиони милји.

Откритието би можело да фрли светлина на многуте слични астероиди во Сончевиот Систем, од каде дошле и дали се направена од цврста карпа или само кревки урнатини.

Со оглед на тоа дека 2021 PH27 се доближува толку многу до Сонцето, неговата површина се загрева до неверојатни 482 Целзиусови степени, што е доволно висока температура за топење олово.

Астероидот веројатно ќе се приближува сѐ поблиску до нашата ѕвезда и на крајот или ќе биде апсорбиран од Сонцето или ќе се судри со Меркур или Венера за неколку милиони години.

Истражувачите посочуваат дека астероидот може да настанал во главниот астероиден појас меѓу Марс и Јупитер. Со текот на времето гравитацијата од внатрешните планети го турнала кон Сонцето.

Моментално 2021 PH27 се крие зад Сонцето, но на почетокот од идната година истражувачите се надеваат дека ќе добијат уште еден поглед во брзиот ѓавол, како што го нарекуваат.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука