X
 25.04.2018 Култура

Што значи „персона нон грата“ и други дипломатски изрази?

„Ти си вистински дипломат“, обично му кажуваме на некој сосема обичен човек кој во текот на комуникацијата неупадливо користи одмерени и внимателно одбрани реченици за никој да не биде навреден, повреден или слично.

Токму тоа е јазикот и карактеристиката на официјалната дипломатска комуникација. Пред неколку века латинскиот бил службен јазик на дипломатијата, а денес во најголем дел се употребуваат англискиот или францускиот јазик, иако сè уште во употреба се многу латински изрази. Дипломатот мора да биде вешт, одмерен и умерен во својата комуникација, со однесување кое е соодветно на тоа. Затоа и се дефинирани јасни и неприкосновени протоколи за дипломатско однесување и комуникација.

Зборот „дипломатија“ доаѓа од грчкиот збор „диплома“, кој првично означувал двократно свиткан документ што служел како доказ за завршени студии. Иако терминот „дипломатска комуникација“ е јасен и познат, постојат и многу термини чии значење и употреба не се доволно познати.

Персона нон грата – латински израз за неприфатлива личност, во дипломатската комуникација се употребува за лице чие присуство не е пожелно на територијата на државата-домаќин. Причина за тоа можат да бидат разни изјави и однесувања на таа личност кои го повредуваат интересот на државата-домаќин, а можат да водат до прекин на службените односи меѓу државите, па и до војна.

Персона грата – е спротивен израз на претходниот, а се однесува на личност која ужива добар углед и доверба од страна на државата-домаќин. Такво лице со задоволство се прифаќа во некоја земја.

Меморандум (Aide-memoire) – е француски израз за напишан заклучок на претходно усно соопштение со цел да потсети на истото и да спречи погрешно толкување. Всушност, станува збор за потсетник, што е значење и на самиот израз. Таквиот текст нема наслов, познат извор или слично.

Нон пејпер – претставува неофицијален дипломатски документ во кој се изнесува некаков предлог, формулација, нацрт, а авторот не сака службено да се идентификува. Во превод значи „хартија што не постои“. Најстарата употреба на овој термин се поврзува со состанокот на членките на групата  Г-5 во 1988 година, на тема монетарна политика.

Ад хок – е латински израз што значи „за таа цел“, „со одредена намера“. Изразот се употребува како спротивност на изразот „де јуре“ (што значи – во согласност со законот) кога станува збор за закони, администрацијата или правила како стандарди кои можат да се сретнат во секојдневниот живот, а се во спротивност или сосема без правила.

Де факто – латински израз кој значи фактички или во практиката. Обично се користи како спротивност на изразот „де јуре“ (по закон) кога се работи за прашања на закон, администрација или правила како стандарди што се однесуваат на секојдневниот живот, а се создадени без или со правила.

Протокол – е збор од грчко потекло, а на почетокот означувал лента или печат што се лепел на документите како доказ за нивната оригиналност. Денес со овој термин се означуваат своевидни меѓународни договори, збирки напишани или обичајни норми на меѓусебно однесување на државите и нивните претставници, како и посебна установа што се занимава со примена на наведените норми.

Агреман (одобрување) – е француски израз што се употребува за означување на согласноста на една држава (држава-домаќин) некое лице да биде назначено за водич на дипломатска мисија на друга држава (држава-испраќач).

Ад интерим – уште еден латински израз што се употребува за означување привременост, односно употреба на нешто на одредено време, до донесување конечно решение.

Статус кво – латински израз што значи одржување на моменталната состојба. Терминот главно се користи во дипломатијата каде што обично двете страни се обврзуваат дека ќе ја почитуваат состојбата „статус кво“.

В.д. амбасадор
– најнизок ранг на шеф на дипломатските мисии според Виенската конвенција за дипломатски односи. Тие се акредитираат кај министерот за надворешни работи на земјата-домаќин.

Аташе – е најнискиот ранг во дипломатската хиерархија на кој му се признава дипломатски статус. Обично им се доделува на помлади лица, почетници, кои штотуку ја започнуваат својата дипломатска кариера.

Акредитиви – назив за документи, писма, кои амбасадорот ги добил од шефот на државата и ги доставува до шефот на државата-домаќин. Амбасадорите ги доставуваат на службена церемонија која обично се одржува непосредно по преземањето на должноста.

Нота – (дипломатска нота) – е редовна форма на дипломатска комуникација и кореспонденција меѓу дипломатските претставништва.

Екс гратиа – е латински израз за гест на добра волја, за правење нешта како акт на милост или љубезност.

Акт финал – службен заклучок што се составува на крај на конференција.

Модус вивенди – израз со кој се означува привремена спогодба, во писмена форма, со привремен карактер, со што се очекуваат преговори за конечен договор или аранжман.

Ратификација – во повеќето случаи се користи во контекст на признавање една држава или некоја спогодба. Поимот „де факто ратификација“ значи признавање дека државата или владата всушност постои, без официјално признавање.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура