X
 27.07.2022 Живот

Погледнете го планот за новиот футуристички град на Саудиска Арабија

Саудискиот принц Мохамед бин Салман го објавил дизајнот на импозантен футуристички град осмислен во рамките на програмата „Визија 2030“ и проектот под назив НЕОМ. Станува збор за град наречен Лајн, што во превод значи „линија“.

Како што кажал принцот, тоа ќе биде место за оние што сонуваат за подобро утре и посочил дека овој град ќе биде пример за урбаните заедници во иднината. Градот ќе има повеќеслојна внатрешна структура и ќе користи само обновлива енергија. Надворешната фасада на зградите ќе биде како огледала.

- Идејата на вертикално поставување на сите функции на еден град им дава на луѓето можност непречено да се движат во три димензии. Тоа е концепт кој се нарекува урбанизам на нулта гравитација - изјавил Мохамед бин Салман.



Внатрешноста на градот е мешавина на урбанизам и природа. Нема патишта и автомобили, што ги намалува емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата.

Површината на овој град ќе изнесува 34 квадратни километри, со што ќе биде и еден од најголемите градови во светот. Во него ќе може да живеат 9 милиони луѓе.

Извор: Klix
Насловна фотографија: NEOM
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот