X
 28.10.2019 Живот

Полицијата во Викторија со дозвола за „пукај да убиеш“ заради спречување напади со возила

Полицијата во австралиската сојузна држава Викторија доби овластување за „пукај да убиеш“ со цел да се запрат нападите изведени со возила.

Полицајците мора да преземат одлучна акција за да спасат животи од непријателски настроените возачи кои своето возило го користат како оружје, е дел од наредбата што денеска е додадена во полицискиот прирачник. Нивните опции досега вклучуваа удар (судир) во возило, употреба на стоп-стапчиња (прачки со шилци поставени на улица за да ги дупне пневматиците на осомниченото возило), создавање блокади со автомобили и преземање тешки возила, како што се камиони за ѓубре. Застрелување на возачот е последната опција.

Овој чекор доаѓа по истрагата за смртта на шест лица во јануари 2017 година, кои беа намерно прегазени на улица во Мелбурн.

Во намерно прегазување со возило во Мелбурн се убиени осум лица, а над 50 се повредени.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот