X
 29.01.2023 Наша тема

За вештачката интелигенција и работните места, читањето на декларациите, ски-сезоната... Што пишувавме неделава

Зорица Каракутовска вброена во елитата на светски професори по хармоника, стана потпретседател на Светската унија на хармоникашите

Професорката Зорица Каракутовска неодамна беше избрана за потпретседателка на Светската унија на хармоникашите. Таа е претседателка на Здружението „Љубители на класична музика“, кое има највисок статус во Унијата, и е првиот дипломиран хармоникаш од пионерската генерација во Македонија

Д-р Александра Дединец од ФИНКИ: Со подемот на вештачката интелигенција ќе се изгубат одредени работни места, но и ќе се креираат нови, поиновативни и поплатени

Кај одредени луѓе креативноста нема да се разбуди со постојано користење на ваквите системи, но секогаш има две страни на приказната. Јас лично сметам дека ваквите системи ќе им бидат од помош на луѓето и ќе ги поттикнат поиновативно, понапредно да размислуваат, вели Александра

„Без додаден шеќер“ не значи дека во производот нема шеќери, а на емулгаторите не треба да гледаме со недоверба, вели проф. д-р Јана Клопчевска од ТМФ

Читајќи ја декларацијата, потрошувачот може да го направи вистинскиот избор, но таа сѐ уште е предмет на дискусија во однос на тоа што потрошувачот сака да внесе, што добива, а што реално очекува од производот. Практично декларацијата може некому да му појасни многу, а некому и да не му значи ништо, вели проф. д-р Клопчевска

Колекционери на метални автомобилчиња - децата не смеат да си играат со нив, се чуваат во стаклени витрини, а секоја недела се трошат по 5 часа за да се пребришат

За повеќето луѓе, малите метални автомобилчиња се само играчки за деца, но за колекционерите во Македонија и низ светот, тие се страст, хормон на среќа и сентименталност.

Ова е една од најлошите ски-сезони, носевме снег од околината за да приспособиме еден полигон за обука на дечињата, вели инструкторот Бојан Серафимовски

Годинава сите нѐ изненади доцнењето на ски-сезоната, но не само во Македонија, туку слободно може да се каже и на целиот Балкан, дури и на многу атрактивни дестинации во Европа. И европските центри се соочија со недостиг на снег и мораа да ги затворат центрите бидејќи не беа во можност да произведуваат вештачки снег поради високите температури, вели ски-инструкторот Бојан Серафимовски

Патувачкиот студент Филип Сотироски е на магистерски студии во Брисел, Барселона и Падова - ќе добие диплома од трите универзитети

Филип Сотироски е 24-годишен студент кој во моментов е на магистерски студии во Падова преку Erasmus Mundus Joint Master програмата. Додипломските студии ги завршил во Франција, прво на Универзитетот Каен Нормандија на насоката информатика, а потоа се префрлил на факултетот на Сорбона во Париз, каде што се здобил со дипломата инженер по информатика.

Издвојуваме

Наша тема