X
 29.12.2022 Забава

Во Белград отворен бар без келнери

Во Белград е отворен бар во кој нема келнери. Звучи чудно, но во овој бар не мора да барате келнер да ви донесе нов пијалак, туку станувате и сами си го земате.

Барот функционира така што прво добивате картичка, која е бесплатна, на која се уплаќа сума пари, и со таа картичка може да купувате пиво, вино или други пијалаци од барот. Пијалаците што се нудат во барот се на точење, па од гостите се бара само да ја внесат картичката и да си го наточат сопствениот пијалак. Самите гости одредуваат дали сакаат пиво со повеќе или со помалку пена и слично.



Во понудата има и сокови, кафе и коктели кои се порачуваат на барот.



Иако концептот на барот е таков што нема келнери, во секој момент има вработено лице кое им помага на гостите на кои им е потребна помош.

Извор: Nova
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава