X
 30.03.2020 Живот

Турска компанија направи автомати за заштитни маски за лице и средства за дезинфекција

Турска компанија направи автомат за заштитни маски за лице и средства за дезинфекција на јавните места.

Автоматот е идеален за употреба на преполните јавни места, како што се метро-станиците и аеродромите.

- Заедно со маските за лице, обезбедени се и влажни марамчиња и средства за дезинфекција за да им се помогне на луѓето да се заштитат - изјави Ердем Динксој, кој стои на чело на компанијата „Електрал“.

Тој вели дека автоматизираната машина може да се покаже како витална мерка во напорите да се спречи ширењето на коронавирусот бидејќи обезбедува лесен начин за снабдување на важни медицински производи за јавноста.

- Не е потребен персонал за да работи со машината, а луѓето можат да пристапат до овие производи во секое време или со готовина или со кредитни картички - вели тој.

Во моментот бројот на смртни случаи во светот е речиси 34.000, а има повеќе од 711.000 заразени лица со Ковид-19.

avtomat
Фото: Aa

Извор: Аа.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот