X
 30.07.2019 Живот

Етиопјаните во еден ден засадија стотици милиони стебла

Жителите на Етиопија успеале да засадат повеќе од 350 милиони стебла, а тамошните службеници истакнаа дека станува збор за нов светски рекорд.

Целта на амбициозната иницијатива на премиерот Абиј Ахмед е да се помогне во обновата на пејзажот на земјата, за кој експертите велат дека е сериозно нарушен поради дефорестацијата и климатските промени.

Некои медиуми објавија дека се засадени повеќе од 224 милиони стебла, додека некои, пак, известуваа дека станува збор за повеќе од 350 милиони засадени дрвја, што секако е многу повеќе од почетната цел во еден ден да бидат засадени 200 милиони стебла.

Според пишувањата на „Фарм Африка“, организацијата која раководи со шумите во Етиопија, помалку од 4 отсто од земјата се пошумени, што е голем пад од оние 30 отсто од крајот на 19 век. Брзорастечката популација на Етиопија и потребата за поголеми земјоделски површини, неодржливата употреба на шумите и климатските промени често се наведуваат како причини за дефорестацијата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот