X
 30.11.2018 Технологија

Функции што денешните автомобили повеќе не ги поседуваат

Заслугите за создавање на автомобилот одат кај многу луѓе. Сепак, Карл Бенц најчесто се смета за човек што го создал овој револуционерен изум бидејќи неговиот автомобил бил најпрактичен и квалификуван како вистински автомобил.

Автомобилите претрпеле огромна трансформација низ годините. Од промени во производството и материјалите, до типот на мотори, современите автомобили што ги гледаме денес целосно ги прифатија најновите технологии за да станат попаметни и безбедни. Сè уште не знаеме колку драстични промени треба да настанат за во иднина да се променат автомобилите какви што ги знаеме денес.

Но, со доаѓањето на новите функции старите треба да се отстранат. Во продолжение погледнете какви функции имале автомобилите порано, а денешните ги немаат.

1. Резервни гуми со целосна големина

Автомобилите доаѓаа со резервна гума со целосна големина. Но, повеќето производители на автомобили сега обезбедуваат резервни гуми со ограничена намена.

Производителите тврдат дека овие гуми помагаат да се намалат вкупните трошоци, штедат простор и ја намалуваат тежината на возилото во споредба со резервните гуми со целосна големина.

Изненадувачки, резервните гуми сега се заменети со комплети за пумпање на гумите и имаат способност да се справат само со одреден вид оштетување на гумата. Резервната гума со целосна големина е неопходна функција што производителите треба да ја вратат.

2. Прозорец за вентилација

Ова прозорче се наоѓаше покрај главниот прозорец на автомобилот. Повеќето стари автомобили го имаа овој мал прозорец за вентилација.

Како главниот прозорец, и овој прозорец можеше да се отвора одделно, овозможувајќи воздухот да циркулира во внатрешноста на кабината и да ги олади патниците без да создава неред. Но, со поставувањето на климите ова триаголно парче престана да постои.

3. Седишта како клупа

За разлика од одделните и удобни седишта и безбедносните појаси на модерните автомобили, старите автомобили имаа седишта-клупи. За овие клупи немаше безбедносни појаси и лесно можеше да собере тројца луѓе во предниот дел.

Ваквите седишта беа популарни во раната историја на автомобилите, бидејќи беа најпогодни за сместување дополнителни патници во автомобилот. Седиштата-клупи биле заменети поради загриженоста за безбедноста, со појавата на воздушните перничиња што можат да обезбедат поголема заштита за двајца патници.

4. Пепелници и запалки

Пепелниците и запалките инсталирани на контролната табла на автомобилите беа вообичаени за постарите автомобили. Непушачите овој простор често го користеле за чување ситни парички.

Но, производителите постепено започнале да ја исфрлаат оваа функција и да ги заменуваат овие делови со технолошки фокусирани инсталации, на пр., за полначи на телефони.

5. Долги радиоантени

Кај старите автомобили можевме да видиме радиоантени што излегуваа од страничниот или од средниот дел на автомобилот. Ова беше така затоа што радиото беше единствениот извор на забава во тоа време. Со воведувањето на ЦД-плеерите, УСБ-плеерите и мини-телевизорите, ретко кој слуша радио денес.

Исто така, кај денешните автомобили фиксната антена е заменета со антени вградени директно во шофершајбната.

6. Рачка за затворање на прозорците

Овие рачки беа заменети со електрични прозорци не многу одамна, па денес наместо да се мачите да правите кругови со раката, можете да го отворите или да го затворите прозорецот со едноставно притискање на копчето.

7. Звуци на трепкачите

Оваа функција беше корисна за некои луѓе, но непријатна за многумина. Звукот на трепкачот може да стане досаден по некое време, но им помага на возачите така што ги потсетува дека треба да го исклучат кога успешно ќе свртат.

Корисна или не, многу модерни автомобили доаѓаат со тивки трепкачи.

8. Копчиња за стартување на автомобилот

Современите автомобили сè повеќе ја користат технологијата за елиминирање на некои од мануелните задачи, како што е на пример палење на моторот со клуч. Повеќето автомобили денес повеќе ја немаат оваа функција, па сè што треба да направите е да влезете во автомобилот и да го притиснете копчето на клучот за моторот да почне да работи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија