X
 31.01.2023 Живот

Се самоповредува, си ги гризе прстите и си ја удира главата ако не добие нешто. Како да ѝ помогнам?

Имам ќерка на возраст од 1 година и 10 месеци. Од неодамна живееме во странство, а за кратко ќе почне да оди во градинка. Има многу мал фонд на зборови, како: мама, баба, тете, ајде, да, не… Распознава ликови, предмети и животни без проблем. Имаме мака со изолираноста бидејќи сме сами и нови, а на 3 месеци доаѓаме во Македонија да се видиме со семејството. Мислам дека ѝ е многу досадно, сака постојано да има вклучено цртани, но не ги гледа активно, се заигрува некои 10-15 минути и толку. Се трудам колку што можам да ѝ го исполнам времето. Но, доколку не добие нешто што наумила, почнува да се самоповредува, во смисла ги гризе прстите, ја удира главата, паѓа на земја и плаче. Некогаш ја оставам зашто тоа трае некоја минута, па станува. Понекогаш ѝ зборувам со добро, но првата варијанта повеќе ми успева. Не знам како да се справам со ова, па молам за совет. Инаку, родена е предвреме, во 35. недела.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк

Издвојуваме

Живот