Знаењето се` помал фактор во одлуката за студирање, можностите за странство се` поголем

Знаењето се` помал фактор во одлуката за студирање, можностите за странство се` поголем

Подготвил: Драгана Петрушевска

Речиси половина од матурантите веќе знаат каде сакаат да студираат, а бројот на матуранти кои планираат да се запишат на државен факултет е намален за речиси 10%, дознаваме од анкетата за идни студенти, која ја направивме и оваа година.



Од оние матуранти кои сакаат да студираат, односно 95%, значаен дел сакаат да студираат за да се здобијат со повеќе знаење од областа која ги интересира. 57% го одбрале овој одговор без или со друга опција.

Потоа, 43% сметаат дека со диплома полесно се наоѓа работа, а 27% веќе размислуваат за заминување во странство по дипломирањето, па соодветно на тоа ќе студираат.

12%
ќе студираат и затоа што семејството го очекува тоа од нив, а помал процент - 6% - ќе студираат затоа што не сакаат да се вработат веднаш. 11% не знаат што би правеле друго по средното образование.



Постои разлика во однос на резултатите од анкетата пред четири години. Имено, тогаш дури 80% од испитаниците изјавиле дека сакаат да студираат за да добијат знаење од областа што ги интересира. 47% сметале дека со диплома полесно се доаѓа до работа, а 21%  дека со диплома имаат повеќе можности во странство.