АИЕСЕК Скопје

АИЕСЕК Скопје е студентска организација, односно платформа кој нуди откривање и развој на лидерскиот потенцијал кај младите луѓе. Со присутност во повеќе од 124 земји низ светот, 2.400 факултети и со над 100.000 членови, несомнено оваа огранизација претставува најголемата студентска организација во светот.

 

Големата историја на АИЕСЕК Скопје започнува уште од 1953 година и до денес оваа студентска организација работи на многу проекти поврзани со општествените прашања и проблеми. Преку своите програми нејзините членови ја имаат можноста да се развиваат како професионално така и персонално преку работата во тимот и интеракцијата помеѓу самите АИЕСЕК членови.

 

АИЕСЕК, со својата работа во приватниот сектор и нивните партнери, нуди инзвонредна можност на сите студенти да стапат во контакт со највлијателните луѓе во македонскиот бизнис сектор и да создадат врски вредни за нивното понатамошно вработување и добивање пракси. Исто така, организацијата им овозможува на своите членови да водат тим, да донесуваат одлуки и да ги преточат нивните идеи во реалност.

 

Интернационалната размена можеби претставува најинтензивното едукативно искуство што го нуди оваа организација, а која воедно и ја спојува во светски рамки како глобална организација. Студентската мобилност е една од централните цели во работата на АИЕСЕК, а праксите што ги нудат ги опфаќаат полињата на менаџментот, технологијата, едукацијата и општествениот развој. Можноста да се живее и работи во странска земја им се нуди на сите студенти кои се подготвени да го прифатат овој предизвик. Предмет на оценка не е академскиот успех на студентите туку нивното ниво на познавање на англискиот јазик, комуникациските вештини и способноста за работа во тим.

 

Канцелариите на АИЕСЕК Скопје се наоѓаат на Економскиот факултет во Скопје. Членови на оваа организација можат да бидат сите студенти независно од факултетот на кој студираат. За подетални информации можете да ја посетите канцеларијата на АИЕСЕК Скопје или веб страната www.aiesecskopje.org.mk