ПочетнаSkip Navigation LinksУписи 2011-2012 Соопштенија за почеток на прв час од академската 2011/2012

Соопштенија за почеток на прв час од академската 2011/2012

Универзитет "Св. Кирил и Методиј" - Скопје
Филозофски факултет
Прв академски час

Стоматолошки факултет
на 15 ( четврток ) во 8:00 (Неофицијално)

Градежен факултет -Скопје

НА 15 СЕПТЕМВРИ ВО 10 ЧАСОТ ВО АМФИТЕАТАРОТ НА ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА СО БРУЦОШИТЕ ЗА НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ НА СТУДИРАЊЕ. НА 19 СЕПТЕМВРИ ПОЧНУВА НАСТАВАТА ЗА СИТЕ ГОДИНИ СПОРЕД РАСПОРЕДОТ ИСТАКНАТ НА ОГЛАСНИТЕ ТАБЛИ И НА WEB СТРАНАТА. НА 6 ОКТОМВРИ - ДЕНОТ НА ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ СВЕЧЕНО ЌЕ БИДАТ ДОДЕЛЕНИ ИНДЕКСИТЕ И СЕРТИФИКАТИТЕ ЗА СТИПЕНДИСТИТЕ ОД ФОНДАЦИЈАТА ЗА СТИПЕНИДИРАЊЕ НА СТУДЕНТИ ПО ГРАДЕЖНИШТВО И ГЕОДЕЗИЈА.

Економски факултет Скопје

На 15.09.2011 (четврток), од 11.00 до 13.00 часот ќе биде Свеченото одбележување на почетокот на академската 2011/2012 година, со следнава содржина:

Поздравно обраќање на Деканатот и претставници на студентските организации

Подигање на индекси

Журка

Драги студенти, дојдете сите заедно да ги пречекаме новозапишаните студенти од генерацијата 2011/2012 година. Редовната настава (според распоредот) ќе започне на 19.09.2011 година.

Филолошки факултет
Се известувааат сите новозапишани студенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје дека нивниот прием ќе се одржи на 15.09.2011 по следниот распоред:
- 12:30 – сите студиски групи освен англиски јазик и книжевност во големиот амфитеатар (А3)
- 13:30 – англиски јазик и книжевност во големиот амфитеатар (А3)

Правен факултет
НАСТАВАТА НА ДОДИПЛОМСКИТЕ СТУДИИ (ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ ВО СКОПЈЕ ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ ОД I, II И III ГОДИНА НА ПРАВНИ СТУДИИ, ПОЛИТИЧКИ СТУДИИ И СТУДИИТЕ ПО НОВИНАРСТВО ЌЕ ЗАПОЧНЕ НА 19.09.2011 ГОДИНА СПОРЕД ОБЈАВЕНИОТ РАСПОРЕД ЗА ПРЕДАВАЊА НА ОГЛАСНАТА ТАБЛА ЗА СТУДЕНТИ.
Список по групи на студенти запишани во прва година

Природно математички факултет
Првиот заеднички час за новите студенти на ПМФ во учебната 2011/12 година ќе се одржи на 15.09.2011 (четврток) со почеток во 10:00 ч. во големиот амфитеатар „Ордан Печијаре“. По заедничкиот час студентите ќе добијат конкретен распоред на наставата на матичните институти.


Технолошко-металуршки факултет - Скопје
Ве известуваме дека првиот академски час во учебната 2011/2012 година ќе се одржи на 15.09.2011 година (четврток) со почеток во 9 часот во Амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, каде Деканот професор д-р Александар Димитров ќе ги додели индексите на секој студент поединечно.
Првиот час во учебната 2011/2012 година за новозапишаните студенти од прва година како и за студентите од втора година, запишани на насоката: металургија и метални материјали во Кавадарци, ќе се одржи на ден 19.09.2011 година (понеделник) со почеток во 10 часот, во просториите каде се одвиваат дисперзираните студии, во Домот на културата (2-ри кат).


Факултетот за земјоделски науки и храна Скопје
ИМ СЕ СООПШТУВА НА СИТЕ НОВО ЗАПИШАНИ СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2011/12 ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО СОСТАВ НА УКИМ ВО СКОПЈЕ, ДЕКА ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 15.9.2011 ГОДИНА (ЧЕТВРТОК), ВО АМФИТЕАТАР 30 СО ПОЧЕТОК ВО 10.00 часот.


Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер Скопје
ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС ќе се одржи на 15.09.2011 година (четврток) со почеток во 12 часот, во амфитеатарот 40.


Педагошки факултет - Скопје
ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС ќе се одржи на 15.09.2011 година (четврток) со почеток во 10 часот.


Машински факултет Скопје
ПРВИОТ АКАДЕМСКИ ЧАС ќе се одржи на 15.09.2011 година (четврток) со почеток во 11 часот


Фармацевтски факултет Скопје
Соопштение за доделување на индекси


ФИНКИ - Скопје
Почетоко е во 10:00 часот, на 16-ти (петок), во Универзална сала - Скопје


Медицински факултет Скопје
Соопштение за свечено доделување на индекси и презентација на ЕКТС програмата на ден 15.09.2011


Универзитет Гоце Делчев - Штип
15 септември - прв академски час
Универзитет “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”- Битола
Факултет за туризам и угостителство од Охрид
Првиот свечен час ќе се одржи на 15 09 2011 (четврток) со почеток во 11:00 часот во Охрид, а за студентите на Дисперзирани студии во Велес ќе се одржи на 19 09 2011 (понеделник) во 11:00 часот.


Висока Медицинска Школа - Битола
Прв академски час На 15.09.2011(четврток) ќе се одржи Првиот академски час во учебната 2011/2012 со почеток во 12h


Ветеринарен факултет - Битола
Наставата на Ветеринарен факултет - Битола започнува на 19.09.2011 во 08.00 часот,а доделувањето на индексите за I година е во Понеделник 19.09.2011 во 09.00 часот.


Факултет за безбедност - Скопје

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ДЕКА АКАДЕМСКАТА 2011/12 ЗАПОЧНУВА НА 15.09.2011 ГОДИНА. ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ПРВА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ОРГАНИЗИРАНО СВЕЧЕНО ЗАПОЧНУВАЊЕ НА СТУДИИТЕ СО ПОЧЕТОК ВО 10 ЧАСОТ ВО ГОЛЕМИОТ АМФИТЕАТАР.


Технички факултет - Битола
Првиот свечен час на Техничкиот факултет во Битола за Академската 2011/12 год. час ќе се одржи на 15.09.2011 год. со почеток во 11 часот во Амфитеатарот на ТФБ.


Педагошки факултет - Битола
Се известуваат студентите кои сега се запишаа во ПРВА година дека свечен прием на студенти ќе се одржи на ден 15 септември (четврток) 2011 година, со почеток во 10 часот, во амфитеатарот на Педагошки факултет - Битола


Технолошки технички Велес
Се известуваат студентите од Велес насока Прехранбена технологија и биотехнологија и Нутриционизам дека првиот академски час ќе биде во понеделник (19.09.11 год.) во 12.00 часот. Се известуваат студентите од Кичево насока Прехранбена технологија и биотехнологија дека првиот академски час ќе биде во четврток (15.09.11 год.) во 12.00 часот. Се известуваат студентите од Битола насока Нутриционизам дека првиот академски час ќе биде во среда (21.09.11 год.) во 12.00 часот.(во новите простории во касарната на Правен факултет).


ФАМИС - Битола
Се известуваат студентите на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи – Битола, дека свечениот час за новите студенти ке биде на 15.09.2011 година со почеток во 10:00 часот