X
 01.11.2021 Живот

Објавени добитниците на наградата „13 Ноември“ за 2021 година

Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје по тајно гласање денеска ги објави добитниците на наградата за 2021 година. Од Град Скопје соопштија дека тајното гласање го спровела Комисијата што ја именувал Одборот, во следниот состав: претседател Вангелина Мојаноска и членови: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова.

Во продолжение ви ја пренесуваме листата на добитници на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2021 година.

Од областа на науката

1. проф.д-р Денко Малески
професор во пензија

-за посебен долгогодишен придонес во развојот на науката и високото образование.

2. д-р Емил Ниами
автор, лектор, преведувач

-автор на првиот Речник на антонимите во македонскиот јазик и на првиот Речник на паронимите во македонскиот јазик.

Од областа на образованието и воспитанието

1. проф. д-р Мишо Докмановиќ
редовен професор на Правниот факултет„Јустинијан Први“
Универзитет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје

-за посебен придонес во развојот на науката и високото образование.

Од областа на публицистиката

1. Слободан Петровиќ
новинар, публицист

-за повеќедеценискиот придонес во македонската печатена новинска продукција.

Од областа на културата

1. Ирена Колиштркоска Настева
археолог

-за непрекинато 35-годишно активно битисување, видно учество во сферата на културата, музејското работење, со акцент на археологијата.

2. Лилјана Пандева
писател, поет, прозаист

-за достигнувања во областа на македонската современа книжевност и придонес како лектор по македонски јазик.

Од областа на уметноста


1. Емилија Џипунова
балетски уметник и балетски критичар

-за долгогодишен придонес во развојот на балетската уметност во државата и надвор од неа.

Од областа на здравствената заштита


1. Медицински тим на доктори кој ја изведе првата операција во Република Северна Македонија: имплантација на вегус нерв стимулатор (ВНС), кај пациенти со епилепсија резистентна на лекови: доц. д-р Владимир Рендевски, доц. д-р Венко Филипче, проф. д-р Владимир Башчаревиќ, проф. д-р Емилија Цветковска, н.сор. д-р Бојан Бошковски, доц. д-р Иван Барбов, асс. д-р Благој Шунтов, д-р Радмила Панговска, д-р Јасна Бушиноска.

-за успешно извршена прва операција во Република Северна Македонија: имплантација на вегус нерв стимулатор (ВНС), кај пациенти со епилепсија резистентна на лекови.

2. Тим за имунизација од ковид-19 при Здравствен дом на Скопје

-за исклучителна ангажираност и несебичен придонес во процесот на имунизација на населението.

Правни лица

1. ЈНУ Институт за македонска литература - Скопје

-за 40-годишна работа во областа на науката, образованието и културата и реализирани проекти за заштита на културното наследство во соработка со Градот Скопје.

2. ООУ „Кирил и Методиј“ село Стајковци, Општина Гази Баба, Скопје

- за постигнати извонредни резултати во наставниот процес и воннаставните активности во училиштето и надвор од него.

На лице од друга држава

1. Раде Шербеџија
режисер, актер

-за голем придонес во културно-уметничкиот живот и афирмација на град Скопје преку филмот „Ослободување на Скопје“.

Ученици и студенти

1. Сандра Недановска
ученичка во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје

-за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градот Скопје во државата и надвор од неа.



Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание од Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Северна Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на градот Скопје.

Фотографии: Град Скопје

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот