X
 03.03.2024 Живот

За успехот на Кристина Арнаудова, водителката Цеце Николова, тимот што ќе оди на Олимпијада по хемија... Што пишувавме неделава?

По скалилата на успехот со Кристина Арнаудова: Кога сфатив дека состојбата во музиката оди надолу, решив да си ги следам соништата и го основав „Проект Среќа“

Во невладиниот сектор, во сегментот каде што јас сум фокусирана - деца и млади во социјален ризик - има многу што да се сработи, имам огромен број идеи кои можат да им го подобрат животот и секојдневието, но сѐ уште недостига поддршка од институциите, па борбата да се реализира секој нов проект е мојата цел, ни изјави Кристина Арнаудова

Пораката што ја испраќам со мојата гола глава е дека сите сме различни и не треба да правиме ништо за да го промениме тоа, вели Цеце Николова, водителка на утринската програма на „Канал 5“

Цеце Николова е млада, убава и успешна жена чиј храбар чекор да излезе на ТВ-екраните без перика е за поздравување и служи како поттик за сите лица со алопеција да се сакаат себеси зашто тоа е најважното во борбата против предрасудите и стереотипите во општеството.

Македонскиот хемиски тим мака мачи да замине на Олимпијада во Кина - оставен е сам на себе да собира пари за авионски карти

Македонскиот олимписки тим на хемичари мака мачи да замине на Олимпијадата Менделеев во Кина, која ќе се одржи кон крајот на април, затоа што оние најзасегнатите институции, како МОН, немаат слух да ги поддржат талентираните средношколци. Иако лани хемискиот тим ја израдува Македонија со три бронзени медали, годинава повторно е оставен сам да собира пари за превоз.

Издвојуваме

Живот