X
 13.07.2023 Образование

Списанието „Хоризонти“ на УКЛО ќе се издава според највисоки стандарди на академско издаваштво

Културата на квалитет што УКЛО како вредност ја развива во сите домени на универзитетското работење се манифестира и во меѓународното научно списание.

„Хоризонти“, по неколкумесечна работа како публикација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во иднина ќе почне да се издава со сериозно изменета форма, содржина и начин на работа.

Според проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ, новата платформа, новиот начин на работа и респектабилниот состав на уредувачкиот тим се меѓу посилните гаранции за квалитетот на списанието во иднина.

Дотолку повеќе, секој што е заинтересиран да даде свој удел во развојот на списанието како рецензент може да поднесе апликација придружена со академско сиви и листа на трудови.
Во моментот списанието е индексирано во EBSCO, Google Scholar и CrossRef базите на податоци и веќе се започнати процесите за негово индексирање и во други релевантни академски бази, што ќе овозможи поголема видливост на објавените трудови и зголемување на рејтингот на УКЛО.

1

Според проректорот Илиќ, „Хоризонти“ и УКЛО пристапија кон повеќе иницијативи за академско издаваштво (Budapest Open Access Initiative, Coalition for Advancing Research Assessment) и кон Акциониот план за Diamond Open Access како модел на списание што не наплаќа никаков вид котизација за процесирање или објавување, а трудовите се достапни за читателите без никакви трошоци. Новиот начин на работа подразбира дека „Хоризонти“ во иднина ќе спроведува двојна евалуација, како уште една гаранција за квалитетот на трудовите што ќе се објавуваат.

Деновиве УКЛО  го објави повикот за доставување трудови за следниот број со соодветни насоки како треба да бидат напишани и форматирани, во согласност со инструкциите на списанието и обезбедувањето највисоки стандарди во академското издаваштво.

За повеќе информации, можете да пристапите на новата веб-страница на „Хоризонти“.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование