X
 25.05.2015 Здравје

Како една болница успешно го намали бројот на породувања со царски рез?

Една од најголемите и најугледни болници во областа Оринџ во Калифорнија до неодамна имала проблем. Осигурителната агенција повеќе не сакала да соработува со нив поради преголем број породувања со царски рез.


Во оваа болница, дури 38% од породувањата биле извршени со царски рез, што е многу над просекот во земјата. Ова значи повеќе трошоци и поголеми здравствени ризици за мајките и бебињата, пишува „Атлантик“.

Меѓутоа, во рок од три години, процентот е намален на третина од породувањата. За мајките кои раѓаат првпат, процентот се намалил на 25%. Како оваа болница постигнала толкав успех?

Управата тргнала со фактот дека царските резови ги извршуваат лекарите, не болницата, што значи дека треба да се следи нивната работа, но на таков начин што самите лекари ќе ја надгледуваат својата работа. На тој начин, во болницата била донесена одлука за поделба на делот од царските резови во вкупниот број извршени породувања за секој лекар на сите останати лекари. Така, сите во болницата знаеле кој извршува повеќе, а кој помалку царски резови од просечно.

- Имаше многу отпор. Никој од нас не сака да изгледа лошо пред колегите, а некои беа очајни, вели Џефри Илек, еден од акушерите во болницата.

Управата на болницата сакала лекарите да го сфатат царскиор рез како сериозен и ризичен, а не како полесен метод на породување. Згора на тоа, болницата донела нови правила за закажување породување. Порано, лекарите договарале термини со мајките, но сега потребно е да се побара дозвола за породување пред 39-та недела од бременоста.

Медицинските сестри добиле нови упатства за водење на трудниците за време на бременоста за намалување на потребата за хируршка интервенција. Освен тоа, тие добиваат годишни бонуси доколку процентот на царски резови се намали.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје