X
 26.03.2016 Здравје

На пазарот сe` повеќе производи за кои не` лажат дека се здрави

9news“ пишува дека не треба да се наседнува на сите производи за кои се вели дека се здрави, без разлика дали се работи за храна, вода или хигиенски средства. Имено, постојат сè повеќе производи на кои има знак дека имаат помалку калории, помалку масти, немаат шеќер или се антибактериски, а впрочем не се разликуваат од останатите.


Вода од шише

Телото мора да биде хидратизирано, но не постојат никакви докази дека водата во шише е поздрава од водата од водоводот, која е филтрирана и контролирана.

Протеински грицки

Не треба да ѝ се верува на прехранбената индустрија дека сите овие грицки се хранливи и здрави. Тие најчесто содржат исто толку шеќер како да сте изеле чоколадо. Обидете се да најдете вид кој содржи само семки и плодови.


Производи со помалку масти

Секако дека сакате да јадете храна која содржи здрави масти и има помалку додадени шеќери бидејќи брзо повторно ќе почувствувате глад. Со одземањето на мастите честопати на производот му се додава шеќер за да биде повкусен.

Прoизводи со цели житарки

Знакот на производот не мора да значи дека производот содржи цели житарки. Видете дали пишува избелено или неизбелено пченично брашно, бидејќи се работи за храна која ќе ви отвори апетит за уште.


Готови диетални оброци за микробранова

Доколку не е означено дека има помалку сол или дека е здрава за срцето, таквиот оброк може да има 700-1.800 мг сол, што е многу повеќе од дозволеното за цел ден.

Суши

Сушито би требало да биде здраво, не? Тоа содржи многу бел ориз, што не е особено здрав и само малку зеленчук. Побарајте кафеав ориз или земете суши кое е без ориз.

Грицки од ориз

Оваа храна има многу сол и јаглехидрати, малку влакна, а се чини дека ништо не јадете. Целосно погрешно.


Леден чај во шише

Ако сакате антиоксиданси во чајот, направете си го самите. Не го пијте овој полн со шеќери.

Вегетаријански бургери

Најчесто, во нив нема зеленчук туку житарки и соја, за да се добие вкус на хамбургер.

Антибактериски сапун

Не постои никаков доказ дека овој сапун е подобар од обичниот.


Дезинфекциски средства за чистење

Хемикалиите во таквите средства може да ја влошат астмата, а не се препорачуваат ниту во присуство на деца. Во земјите кадешто овие средства не се користат често, луѓето ретко имаат алергии и други имунолошки пореметувања, додека во земјите кадешто се користат е зголемен бројот на случаи на астма, воспаленија на цревата и дијабетес од тип 1.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје