X
 05.04.2016 Технологија

Кои се можните виновници за промените кои ни се случуваат во мозокот?

Постојат многу надворешни влијанија и можни виновници за промените кои ни се случуваат во мозокот. Ширењето на социјалните мрежи расте, а со тоа расте и бројот на истражувања за нивното влијание врз нас.

 

научници


Според истражувањата во видеото подолу, социјалнит мрежи не само што влијаат врз нашиот мозок, туку интензивно го обликуваат однесувањето на поединецот. Еве како тие влијаат врз општеството и врз нашиот мозок и неговите процеси.

Создавање зависност


Дури 5 од 10% корисници на интернет не може да контролира колку време поминува онлајн. Иако станува збор за психолошка зависност, она што се случува во мозокот е слично на процесите кај зависниците од дрога или алкохол. Доаѓа до јасна деградација на белата материја во делот на мозокот кој ги контролира емоциите, вниманието и донесувањето одлуки.

Бидејќи социјалните мрежи овозможуваат задоволство со доста малку вложен напор, мозокот ја создава оваа потреба за оваа стимулација. Секоја интеракција започнува да „копнее“ за овој вид на невролошка возбуда. Звучи како дрога, нели?

Намалена способност за мултитаскинг

Сигурно би помислиле дека оние кои користат социјални мрежи или се постојано онлајн имаат поголема способност за мултитаскинг, но тоа е целосно неточно. Истражувањата покажуваат дека таканаречените чести корисници на интернет имаат полоши резултати во тестовите во кои се бара да ги менуваат задачите.

Зголемениот мултитаскинг на интернет ја намалува можност за филтрирање на неважни податоци од мозокот и може да доведе до потешко помнење на информациите.

Синдром на фантомски вибрации

Звучи смешно и измислено, но запрашајте се колку пати сте почувствувале вибрации на вашиот телефон, а телефонот ви е исклучен или не е до вас? Станува збор за релативно нов психолошки феномен, со кој си замислувате дека телефонот вибрира, а всушност не вибрира.

Во едно истражување 89% од испитаниците потврдиле дека тоа им се случува барем еднаш на две недели.

Зголемено лачење на хормонот за среќа


Слично како и консумирањето на чоколадо, користењето на социјалните мрежи влијае врз зголемено создавање на хормонот на среќата, допамин. CT снимки од мозокот утврдиле дека центарот за награда во мозокот е многу поактивен кога зборуваме за себеси и сопствениот поглед на состојбите на работите, отколку кога ги слушаме другите.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија