X
 12.04.2016 Живот

Извршен директор ги наградува вработените кои спијат повеќе од 7 часа

Извршен директор од Америка на уникатен начин да ги поттикне вработените да имаат квалитетен сон и со тоа да ја зголемат нивната продуктивност со тоа што им плаќа да спијат.

 

спие


Марк Бертолини е извршен директор на „Aetna“, американска компанија за здравствено осигурување. Неодамна компанијата воведе програма со која на своите вработени им плаќа доколку редовно спијат седум или повеќе часа.

„Ако докажете дека 20 вечери со ред спиете 7 или повеќе часа, им даваме 25 долари за една ноќ, односно до 661 долар годишно“, вели извршниот директор.

„Aetna“ ја користи апликацијта „Fitbit“ за да го следи спиењето на вработените кои ја користат програмата, а податоците се анализираат од страна на трети лица.

Бертолини верува дека постои директна поврзаност помеѓу спиењето, продуктивноста на вработените и зголемувањето на профитот на компанијата. Тој тврди дека неговите вработени ја подобрија нивната продуктивност за 69 екстра минути месечно, откако компанијата започна да инвестира во здравјето и внимателноста.

Основачот на веб страната „The Huffington Post“, Ариана Хафингтон верува во важноста на спиењето и грижата за себеси.

Откако во 2007 година колабирала од недостаток на сон и ја скршила коската на образот, таа напишала две книги за важноста на спиењето и внимателноста особено кога станува збор за нашата ефикасност на работа.

Таа вели дека голем дел од нас се во состојба на „вечна исцрпеност“ како резултат на „културната заблуда“ дека колку вработените се поисцрпени, толку се попродуктивни.

„Постојано слушаме како се наградуваат вработените кои работат 24/7, а всушност сите знаеме дека тоа е еквивалент на доаѓање на работа пијан“, вели таа.

„За срежа, сега сме во период на транзиција во кој се` повеќе и повеќе компании сфаќаат дека таквиот начин на живот има ужасни последици - и врз нашето здравје, и врз продуктивноста на работа“, вели таа. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот