X
 18.09.2016 Здравје

Оваа жена се согласи да биде дел од експеримент - резултатите се вчудовидувачки


Не е тајна дека добриот сон е клучот за доброто здравје. Повеќето луѓе сметаат дека осум часа сон се доволни и потребни, додека помалубројни се оние што се изјасниле дека сосема во ред им се само шест часа спиење.


Сара Чалмерс е 46 годишна Британка која учествуваше во експеримент за откажување од спиење. Целта на истражувањето беше подобро да се увидат последиците од недоволен сон. На почетокот од истражувањето, научниците ја анализираа состојбата на кожата на Сара со помош на скенирање на лицето. На крајот од експериментот, нејзините пори двојно се зголемиле, а кожата ѝ станала зацрвенета.

“Изгледав многу постаро од моите години. Околу очите имав темни подочници, кожата ми го изгуби сјајот, а порите ми беа толку истакнати што можев да си ги забележам оддалеку. Над сè, на брадата почнаа да ми се развиваат неколку дамки. Брзо се заморував и бев многу нервозна. Си го мразев одразот во огледалото”, вели Сара.

За време на првиот дел од експериментот, Сара спиеше не повеќе од четири часа ноќе (од 2 по полноќ до 6 наутро). Во овој период, таа вели дека не се чувствуваше изморена, но дека не успеала добро да се одмори за толку време. “Секој ден до 15 ч. имав чудно чувство, како мамурлак.”

Во втората фаза од експериментот, Сара спиеше по пет, пет и пол часа навечер во текот на неделата. Кон средината на неделата, Сара забележала некакви промени – побрзо се заморувала и почнала почесто да конзумира слатки работи за да добие енергија.

Пет, пет и пол часа сон

Лекарите тоа го објаснале на следниов начин: “Отсуството на сон води кон создавање на кортизол – хормонот на стресот. Личноста станува нервозна. Недоволното спиење ги активира масните жлезди, што предизвикуваат проблеми со кожата. Недостатокот на ноќен одмор го спречува производството на хормоните за растење, со што телесниот систем се враќа на своите оптимални нивоа.”

Последната етапа од експериментот вклучуваше враќање на нормалниот распоред за спиење. Сара спиеше не помалку од осум часа во текот на ноќта, а позитивните резултати не изостанаа. Во рамки од една недела, проблемите со кожата ѝ исчезнаа, а Сара стана помалку нервозна.   

Осум часа сон
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје