Банкоматите постојат веќе 50 години. Првиот банкомат бил поставен во Лондон од страна на „Barclays Bank“. По два дена, поставен бил ваков апарат во Шведска.
фото извор: Lloyds Banking Group Archives & Museum
Со овие настани се одбележал почетокот на она што денеска е центарот на банкарската култура. Успехот на ваквите машини им овозможи на луѓето да прават брзи трансакции, да трошат повеќе пари и да подигнуваат финансии во секое време без чекање редици.
Клиентите имаат задача да го запомнат пинот на кредитната картичка и да подигнуваат пари од машините поставени на повеќе локации. Сега за сите е лесно, но кога за прв пат се појавиле овие машини не знаеле сите како да користат напредна технологија. Тогашните машини биле понесигурни, побавни од сегашните и ги имало на помалку места. Издавале само одредени суми на пари и тоа само во одредено време. На банките и технолошките компании воопшто, потребни им беа години за да се согласат околу одредени стандарди и конечно да понудат можност за 24/7 пристап кон готовина.
До 1970 година, во светот имало помалку од 1500 банкомати, кои биле поставени во Европа, Северна Америка и Јапонија. Потоа до 1980 бројката е искачена на 40.000, а до 2000 на 1 милион.
Дизајнот на машините почна да се менува и да воведува опции и за луѓе со инвалидитет. Ваквото банкарство продолжува да еволуира. Некои банкомати наместо верификација со пин код, функционираат преку мобилни уреди или банкарски картички, додека пак во Полска и Јапонија се користат со биометриско препознавање, односно се идентификува отпечатокот од прстот на клиентот, окото, гласот и слично.
Денес, во светот има 3.5 милиони
банкомати ширум светот, а до 2020 година се очекува бројката да биде зголемена за дополнителни 500.000 машини.