X
 10.09.2017 Живот

Ново драматично предупредување: Денес Мајами би можел да биде потопен и срушен!


Флорида
(Фото: Pixabay)


Силниот ураган „Ирма“ го продолжува својот разорувачки пат и веќе стигна до Куба, а сите прогнози најавуваат негов назапирлив пробив во САД. Се очекува, во овие моменти, да удри на Флорида.

Според првите најави, се очекуваат удари на ветер од околу 250 километри на час, што укажува на постепено намалување на јачината на ураганот, но покрај ветрот, се очекува и обилен дожд, како и огромни бранови кои ќе достигнат висина од по неколку метри.

Сето тоа сугерира дека, освен силниот удар на ветрот, крајбрежните делови на Флорида ќе бидат погодени и од поплави.

Во САД веќе со денови владее вистинска паника, жителите се евакуираат кон внатрешноста на земјата, луѓето масовно бегаат од крајбрежните подрачја, а патиштата кои водат од Мајами, веќе два дена се целосно блокирани.

Доколку се остварат најлошите прогнози, Мајами денеска би можел да биде „збришан“ од лицето на земјата. Симулацијата на можната катастрофа и стравичните последици од ураганот „Ирма“ се објавени на страницата Climate Central.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот