X
 15.09.2017 Наука

Откриени организми што се различни од која било позната животна форма

Луѓето делат слични карактеристики со многу видови животни, а интересно е што сите имаат еден заеднички дел - ’рбетот. Но, истражувачите од Универзитетот „Квинсленд“ од Австралија откриле низа од илјадници организми толку уникатни, што не се вклопуваат во ниту една категорија.

фото извор: uq.edu.au

Во истражувањето била користена нова техника наречена метагеномика, која вклучува секвенцирање на ДНК во примерок од животната средина – почва, вода и слично, за да се произведе тој метагеном. Тимот научници од интернационална датабаза на метагеноми реконструирале индивидуални геноми на 7820 нови бактерии и 623 археи. Од овие микроорганизми, третина биле поразлични од сето она што научниците го виделе порано. Микроорганизмите се еволуциски поразлични од претходно реконструираните геноми.

Микроорганизмите се тешки за изучување и анализирање. Научниците можеле само успешно да изучат 1 до 2% од сите познати бактерии и археи во лабораторија, па нивното анализирање во природни услови преку метагеномика можеби е единствениот начин за изучување на останатите. Иако се мали, овие микроби можат да имаат големо влијание врз нашиот свет. Во моментов голем проблем е отпорноста на антибиотици. Нови форми на антибиотици се пронаоѓаат во бактерии и габи, па видовите откриени од научниците можеби ќе бидат развиени во антибиотици што ќе бидат поефикасни.

Други истражувања исто така идентификувале уникатна индустриска и еколошка употреба на микробите. Се користеле за креирање ѓубрива за земјоделството, а етанолот кој се произведувал од некои од нив може да се најде во детергенти и слични такви продукти. Научниците од Велика Британија забележале дека новите океански микроби можеби го „јадат“ поголемиот дел од пластиката што ги загадува водите, а бактеријата што живее од јаглеродниот диоксид може да помогне во борбата против климатските промени.

Потенцијалната употреба на новите идентификувани организми е големо откритие, па дополнителните анализи најверојатно ќе откријат повеќе информации за тоа во каков свет живееме.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука