X
 24.12.2017 Технологија

Технологијата може да им биде од голема помош на родителите и на децата

Во минатото, додека ние растевме, технологијата беше третирана поинаку отколку денес. Секогаш беше жешка тема за разговор, но концептот за нејзина примена во секојдневниот живот не беше толку исполнет како што е денес. Во дигиталната ера прифативме големи достигнувања во технологијата, кои сега се дел од нашите секојдневни активности. Во многу случаи ова доведе до целосно различен пристап во справувањето со одредени работи, како на пример родителството.

фотоизвор: Colorin Colorado

За среќа, технологијата може многу да им помогне на родителите при воспитувањето и одгледувањето на децата. Таа е алатка и е важно како се користи. Многумина уште сметаат дека не е добра за развојот на децата, па најчесто се фокусираат на недостатоците и мааните наместо на придобивките од неа. На пример, родителите денес треба да имаат чувство на смиреност кога ги пуштаат децата надвор од домот, бидејќи во денешно време можат кога сакаат да стапат во контакт со нив, брз разлика каде се. Во минатото децата излегуваа надвор и едноставно се враќаа кога ќе зајдеше сонцето, а родителите не можеа постојано да го следат нивното движење.

Бидејќи и родителите и децата се често зафатени, технологијата може да им помогне во остварувањето контакт. Се разбира дека од фундаментално значење е родителите и децата да поминуваат што повеќе време заедно, но во случаи кога тоа не е изводливо, технологијата е тука да помогне.

Исто така, постојат низа апликации со кои може да се зголеми безбедноста на децата, односно да се има можност за следење, особено на помалите деца на кои им е потребен постојан надзор.

Во денешно време децата имаат многу повеќе можности од порано, па потребно е да се направи баланс помеѓу работните задачи и времето за одмор и релаксација. Ако децата поминуваат многу време на интернет, родителите може да зборуваат со нив и потоа да користат родителска апликација за контрола, за да следат што прават тие и да воспостават куќни правила.

Дигиталната ера можеби со себе донесе и низа опасности, но исто така донесе и многубројни можности и придобивки. Па, се советуваат родителите да не гледаат на технологијата како на опасност, туку како на помошник, асистент од кој не треба да се плашат, напротив, да научат да го искористат во своја и во полза на своите деца.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија