X
 15.01.2018 Живот

Низа проблеми во „Ејч анд ем“ - расистичкиот оглас дополнителен фактор

„Ејч анд ем“ е еден од најголемите шведски извозни брендови и индустриски гигант, заедно со „Икеа“, „Волво“, „Спотифај“ и „Електролукс“. Во сопствеништво е на династијата Персон. Компанијата соработувала со ѕвезди како Бијонсе и Мадона, а е еден од најпрепознатливите модни брендови во светот. Но, во последно време има проблеми со привлекување на потрошувачите во своите 4.553 продавници низ светот и бавно ја развива интернет-продажбата. Вредноста на акциите паднала за 35 проценти.


Оваа компанија не само што никогаш не забележала пад, туку овој пад е и поголем од оној што го очекувале аналитичарите. Компанијата дури најави и дека ќе затвори неколку продавници, но уште не е познато каде и колку. Од компанијата велат дека интернет-трговијата е дел од компанијата и дека е профитабилна. Како заработката да не е доволен проблем, минатата недела компанијата беше обвинувана за расизам. Во нејзиниот каталог на интернет била објавена фотографија со црно момче со маица и качулка на која пишувало „Најкул мајмун во џунглата“.

Според експертите, со тој потег компанијата покажала дека има проблеми, особено во поглед на интернет-продажбата. Од „H&M“ се обидоа да ги намалат критиките со тоа што се извинија и ја отстранија фотографијата, но штетата е веќе направена.

НБА-ѕвездата Леброн Џејмс на својот инстаграм-профил за фотографијата напишал: „Јас гледам Мал Крал! Владетел на светот, недопирлива Сила која никогаш не може да биде сопрена!“ Но, овој пат на фотографијата црното момче носи круна, која е испечатена и на маицата наместо горенаведениот текст.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот