X
 31.03.2018 Живот

Убедени сте дека одлично спиевте, а сепак сте уморни? Еве кои се потенцијалните причини за тоа

Добриот сон подмладува и прави да бидеме свежи во текот на денот, но што ако тоа не се случи? Иако сте спиеле онолку часови колку што се препорачува, сè уште сте уморни и исцрпени. За жал, ова често се случува и не секогаш е лесно да се дознае зошто. Причините поради кои можете да бидете уморни по спиење може да варираат од оние што лесно се спречуваат до многу посериозни поради кои треба да појдете на лекар.


Фото: Telegram.hr

Експертите велат дека на возрасно лице му се потребни седум до девет часа сон секоја ноќ за да има доволно енергија и да бидe здравo. Чувството на исцрпеност без очигледна причина може да укаже на здравствени ментални или физички проблеми. Причината за замор во текот на следниот ден може да биде нешто што го правите пред да си легнете. Можеби мислите дека сте спиеле одлично, но не сте спиеле длабоко. Еве неколку причини зошто сте уморни по добар и долг сон.

1. Не се движите доволно

Луѓето ја поврзуваат физичката активност со исцрпеност, но не секогаш се случува тоа. Интензивното вежбање може да ви помогне подобро да спиете, а нема целосно да ви ја исцрпи енергијата. Ако не сте физички активни во текот на денот, ќе бидете уморни. Малку вежбање ни дава многу енергија. Редовното движење и вежбање нè одржува будни и помага нашето тело да функционира подобро.

2. Дехидрирање

Ако сме дехидрирани, не ни е само матно во глава. Дехидрираноста може да нѐ направи многу уморни. Срцето е помалку ефикасно, па со текот на времето резултира со исцрпеност.

3. Депресија

Еден од најчестите симптоми на депресијата е исцрпеноста. Ова ментално нарушување може да предизвика да се чувствуваме уморни, без разлика колку спиеме. Луѓето често не знаат дека се депресивни додека не станат свесни за тоа колку се уморни. Депресивните луѓе често се многу уморни, не се заинтересирани за каква било активност, без оглед на тоа колку енергија бара задачата што е пред нив. Посветете внимание на тоа како се чувствувате и ако мислите дека депресијата можеби е причина за тоа, разговарајте со лекар.

4. Испивте чаша вино?


Можеби сте испиле чаша вино пред спиење за да се опуштите и да ви помогне да заспиете. Виното може да ве направи поспани, но на крајот тоа не влијае така. Алкохолот го саботира сонот.

5. Пиете премногу кафе

Ако пиете кафе шест часа пред да одите в кревет, тоа ќе влијае врз вашиот сон, иако можеби нема да ви се чини дека е така. Кафето треба да нѐ држи будни и полни со енергија, но премногу кафе или пиење кафе во погрешно време може да биде лошо. Тоа го попречува создавањето на аденозин и потешко ни е да заспиеме.

6. Минувате премногу време на телефон

Не минувајте многу време на телефон пред спиење. Всушност, држете се подалеку од сите електронски уреди, вклучително и телевизорот. Сината светлина од екранот може да го поттикне хормонот за неспиење, дури и ако тоа е време за ноќен одмор. И можеби нема да забележите дека тоа му пречи на сонот, но може да ве спречи да спиете длабоко, па затоа ќе бидете уморни следниот ден.

7. Не сте појадувале

Не прескокнувајте го појадокот. Храната што ја јадеме е гориво за нашето тело и додека спиеме, телото продолжува да го користи она што го јадевме за вечера. Значи, кога ќе се разбудите наутро, треба да го дополните телото со гориво. Ако прескокнете, ќе се чувствувате исцрпени.

8. Нешто ви недостига

Можеби ви недостига железо, па затоа сте уморни и исцрпени цело време. Можеби вредностите на витаминот Б се ниски, а токму тој помага да ја трансформирате храната во енергија. Без него може да бидете крајно поспани. Ако немате доволно магнезиум, вредноста на гликозата може да се наруши и ќе се чувствувате безволно и без енергија.

9. Анксиозност

Депресијата не е единствениот виновник за лош сон. И анксиозноста може да биде причина. Стресот и анксиозноста одат заедно, предизвикуваат недостиг од енергија и безволност без разлика колку сте спиеле. Не сте се одмориле во сонот, не сте спиеле со длабок сон, ќе се чувствувате уморни и скршени следниот ден. И во овој случај најверојатно ќе биде потребна медицинска помош за надминување на анксиозноста.

10. Нешто се случува со вашето здравје

Заморот може да биде знак и за посериозна болест, дијабетес, проблеми со тироидната жлезда или анемија. Анемијата предизвикува слабост и отежнато дишење, а е предизвикана од многу причини - недостиг од железо, крвавење, карцином, откажување на бубрезите. Главниот симптом на проблеми со тироидната жлезда и дијабетесот е исцрпеност. Ако сте исцрпени повеќе од една недела, ви треба лекар.

11. Имате нарушен сон

И ова е причина за замор. Ако сте пробале сè, а сè уште нема подобрување и сте уморни по преспиената ноќ, треба да проверите дали имате нарушено спиење.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот